август 25, 2015
Црвениот крст на РМ продолжува со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите
Екипите на Црвениот крст доставуваат медицинска и хуманитарна помош на мигрантите кои поминуваат на македонско-грчката граница. Мигрантите добиваат пакети со храна, вода и за итна медицинска помош. Дневно имаат меѓу 50 и 200 интервенции во зависност од големината на групата мигранти кои стигнуваат од Грција на железничката станица во Гевгелија.