мај 23, 2014

Црвениот крст на РМ во текот на денешнот ден (22.05.2014 година) испрати 125 тони во вредностод 2.506.740 ден или 40.760 евра хуманитарна помош за настраданото население во Босна и Херцеговина

Почитувани, Црвениот крст на РМ во текот на денешнот ден (22.05.2014 година) испрати 125 тони во вредност од 2.506.740 ден или40.760 евра хуманитарна  помош за настраданото население во Босна и Херцеговина.Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и во координација со амбасадата на Босна и Херцеговина во РМ. Горе наведената помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ. Логистичка  поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ. Паричните средства собрани од трите телефонски оператори070/075/077 за донации на Црвениот крст заклучно со 22.05.2014 изнесуваат 9.473.000,00 денари, а преку уплата на жиро сметка на Фонд на солидарност 2 700.000,00денари. Црвениот крст на РМ, апелира во корист на усшешна реализирана хуманитарна акција да не се донира користена облека бидејќи се задоволени потребите на настраданото населење во полавените подрачја. Исто така Ве информираме дека досега собраната хуманитарната помош во материјални добра, а согласно комуникацијата со Црвен крст на Србија и Црвен крст на Босна и Херцеговина ги задоволува потребите на терен за првата фаза на хуманитарен одговор. Дополнителна пратка на хуманитарна помош за настраданото население во подрачјата зафатени од природната катастрофа Црвениот крст на РМ ќе ја организира во почетокот на наредната недела. Црвениот крст на РМ  упатува апел до сите заинтересирани кои и понатаму сакаат да помогнат тоа да го сторат преку:

  1.  Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
  2.  Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077143 400
  3.  Материјална помош исклучиво во средства за хигиена и дезинфекција, постелнина и ќебиња (нови), долен веш (нов).
  4.  Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ  во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227 од 8.00 до 18.00
< врати се назад