декември 28, 2015

„ДА СПОДЕЛИМЕ РАДОСТ“ – ЗАЕДНИЧКА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ЕВН МАКЕДОНИЈА И ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Црвениот крст на Република Македонија во соработка и со поддршка на ЕВН Македонија и оваа година по петти пат организира заедничка хуманитарна акција „Да споделиме радост“. Во рамките на акцијата обезбедени се 300 Новогодишни подароци – ранец, капа, шал и чоколадо за деца од семејства во социјален ризик и деца со посебни потреби. Подароците ќе се поделат од страна на Црвениот крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст Кочани, Кичево, Струга, Штип, Гевгелија, Битола и Струмица во соработка со претставници на ЕВН во општините во кои се реализира акцијата.

Денес Црвениот крст на град Скопје во просториите на Кинотека на Македонија организираше заеднички Новогодишен настан за 130 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства. Децата проследија кино проекција на 3Д анимиран филм кој го овозможи Мегаком.

Подароци на децата во присуство на Дедо Мраз им врачија г-дин Игор Гиевски – Член на Управниот одбор на ЕВН Македонија и г-дин Саит Саити – Генерален секретар на Црвениот крст на РМ. Генералниот секретар на Црвениот крст, изрази голема благодарност на ЕВН Македонија за обезбедената поддршка, како и за досегашната плодна соработка и поддршка на голем број иницијативи од општествен интерес.

DSC_0040

DSC_0015

< врати се назад