Дарувајте крв за оние коишто даруваат живот
Одбележан Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни На 13 јуни, во Дневниот центар за дарување крв (ДХО Даре Џамбаз), Црвениот крст на Република Македонија, Црвен крст на град Скопје го одбележа Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни. Под мотото “Дарувајте крв за оние коишто даруваат живот” се вклучивме во глобалната кампања за промоција и унапредување на крводарителството во нашата средина. [responsive][/responsive] Дневниот центар за дарување на крв го посети Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов кој даруваше крв. По дарувањето Претседателот на Република Македонија се сретна и со крводарителите, претставници на Клуб на крводарители, Клуб 25 и даде поддршка кон активностите на Клуб 25- Клуб на млади мотиватори за доброволно крводарителство. На настанот присуствуваа и Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, претставници од Институтот за трансфузиона медицина, од Канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Скопје, Агенцијата за млади и спорт, спортисти, крводарители, јавни личности кои даруваа крв, а на самиот настан се промовираше партнерството помеѓу ОКТА и Црвен крст на град Скопје во делот на промоција и унапредување на крводарителството кај младата популација што е од особено значење во нашата средина.