Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Дарувајте крв за оние коишто даруваат живот

2014-06-13

Дарувајте крв за оние коишто даруваат живот

Одбележан Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни На 13 јуни, во Дневниот центар за дарување крв (ДХО Даре Џамбаз), Црвениот крст на Република Македонија, Црвен крст на град Скопје го одбележа Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни. Под мотото Дарувајте крв за оние коишто даруваат животсе вклучивме во глобалната кампања за промоција и унапредување на крводарителството во нашата средина. [responsive]ckrm13062014[/responsive] Дневниот центар за дарување на крв го посети Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов кој даруваше крв. По дарувањето Претседателот на Република Македонија се сретна и со крводарителите, претставници на Клуб на крводарители, Клуб 25 и даде поддршка кон активностите на Клуб 25- Клуб на млади мотиватори за доброволно крводарителство. На настанот присуствуваа и Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, претставници од Институтот за трансфузиона медицина, од Канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Скопје, Агенцијата за млади и спорт, спортисти, крводарители, јавни личности кои даруваа крв, а на самиот настан се промовираше партнерството помеѓу ОКТА и Црвен крст на град Скопје во делот на промоција и унапредување на крводарителството кај младата популација што е од особено значење во нашата средина.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025