мај 10, 2019

Дисеминациска сесија со Армијата на РМ

Согласно со потпишаниот договор за соработка на Црвениот крст на Република Македонија со Министерството за Одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, Црвениот крст на Република Македонија продолжува да одржува дисеминациски сесии за офицерите на АРМ. 

На 09.05.2019, беше одржана дисеминациска сесија во касарната „Чеде Филиповски Даме “ во  Кичево, за промовирање на работата на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, националното друштво, почитување на Меѓународното Хуманитарно Право и улогата и можностите за соработка помеѓу Црвениот крст и АРМ во мирновременски услови или при вонредни состојби.

Дисеминациската сесија пред 35 офицери на АРМ опфати повеќе поглавја од работата на Движењето и МХП, како на пример краток осврт на историјата на Движењето, основните принципи, амблемите на Движењето и нивната показна и заштитна улога, Женевските Конвенции од 1949 година и Дополнителните Протоколи кон Женевските Конвенции од 1977 и 2005 година, програмските области на дејствување на Црвениот крст на Република Македонија како и искуствата на Црвениот крст на Република Македонија од активностите за време на катастрофите и вонредните состојби во Република Македонија и соседството во последната деценија.

Посебен акцент на дисеминациската сесија се става на подобро запознавање на  припадниците на АРМ со местото и улогата на Црвениот крст на Република Македонија при вонредни состојби. Дисеминациската сесија беше пропратена и со видео содржина „Правила на војување“ кое ги истакнува основните елементи на Меѓународното хуманитарно право и улогата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина за време на вооружени судири

< врати се назад