март 14, 2019

Дисеминациски сесии со Армијата на РМ и граничната полиција од Регионален центар за гранична полиција Север

Согласно со потпишаниот договор за соработка на Црвениот крст на Република Македонија со Министерството за Одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, Црвениот крст на Република Македонија во 2019 година одржува дисеминациски работилници за офицерите на АРМ со акцент на  промовирање на работата на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, националното друштво, почитување на Меѓународното Хуманитарно Право и улогата и можностите за соработка помеѓу Црвениот крст и АРМ во време на мирновременски услови или вонредни состојби. Ваков вид на соработка исто така се одвива и со претставници на Министерството за Внатрешни Работи, со цел подобро да се претстави помошната улога на Црвениот во државата согласно со Законот за Црвен крст и Женевските Конвенции.

На 13.03.2010, во просториите на Црвен крст на Република Македонија, во соработка со Меѓународен Комитет на Црвен крст беше одржана дисеминациска сесија за 15 припадници на граничната полиција од Регионален центар за гранична полиција Север.

На истиот ден одржана беше и дисеминациска сесија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Скопје на која присуствуваа вкупно 25 офицери на АРМ.

Посебен акцент на дисеминациските сесии се става на подобро запознавање на  припадниците на силите за безбедност со местото и улогата на Црвениот крст на Република Македонија при вонредни состојби како и тековните програми и проекти на националното друштво. Дисеминациските сесии се пропратени и со видео содржина „Правила на војна“ кое ги истакнува основните елементи на Меѓународното хуманитарно право и улогата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина за време на вооружени судири.

< врати се назад