Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Дисеминациски состанок со стручната служба на Црвен крст на Република Македонија во рамките на проектот ЕРАЗМУС+ “Безбедни училишта и градинки“

2019-04-25

Дисеминациски состанок со стручната служба на Црвен крст на Република Македонија во рамките на проектот ЕРАЗМУС+ “Безбедни училишта и градинки“

Во рамките на проектот  “Безбедни училишта и градинки“ финансиски подржан од ЕРАЗМУС+ се одржа дисеминациски состанок на стручната служба на Црвен крст на Република Македонија на кој се презентираа проектните активности како и досегашниот развој на истите. Целта на состанок беше размена на искуства и мислења со цел подобрување на излезниот пакет на тренинзи и имплементација на платформата за намалување на ризици од катастрофи. Во рамките на реализација на платформата за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка Црвен крст на Република Македонија ќе ги вклучи и Општинските организации и Клубовите на Млади со цел обезбедување на одржливост и контиунираност на подигнувањето на капацитетите и свеста за намалување на ризици од катастрофи. Таргет група на проектните активности се основните училишта и градинки.