Дисеминациски состанок за презентација на проектни алатки за психолошка прва помош и психосоцијална поддршка со национални чинители
На 22,04,2019 година во просториите на Црвен крст на Република Македонија се одржа дисеминациски состанок за презентација на проектни алатки со национални чинители во рамките на проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации“ поддржан од Европската унија. На состанокот се споделија клучните постигнувања од имплементацијата на проектот во изминатите две години и се дискутираше за понатамошните чекори за развој на психолошката прва помош и психосоцијалната поддршка како дел од секојдневните операции. На состанокот присуствуваа претставници од Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Воена академија, Генерал штаб на Армија на Република Македонија, Комора на психолози на Македонија, УНХЦР, УНИЦЕФ, македонско здружение на млади правници и претставници на Црвениот крст на Република Македонија.