Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Дисеминациски состанок за презентација на проектни алатки за психолошка прва помош и психосоцијална поддршка со национални чинители

2019-04-22

Дисеминациски состанок за презентација на проектни алатки за психолошка прва помош и психосоцијална поддршка со национални чинители

На 22,04,2019 година во просториите на Црвен крст на Република Македонија се одржа дисеминациски состанок за презентација на проектни алатки со национални чинители во рамките  на проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации“ поддржан од Европската унија. На состанокот се споделија клучните постигнувања од имплементацијата на проектот во изминатите две години и се дискутираше за понатамошните чекори за развој на психолошката прва помош и психосоцијалната поддршка како дел од секојдневните операции. На состанокот присуствуваа претставници од Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Воена академија, Генерал штаб на Армија на Република Македонија, Комора на психолози на Македонија, УНХЦР, УНИЦЕФ, македонско здружение на млади правници и претставници на Црвениот крст на Република Македонија.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025