
јануари 14, 2019
ДИСТРИБУЦИЈА НА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
Членовите на тимот за спасување на планина, кои се дел од Единицата за одговор при катастрофи на Црвениот крст, на 11 јануари ги посетија планинските села Раович и Зович, кои изминативе неколку дена беа зафатени со поголеми наноси на снег. За жителите во селото Раович беа дистрибуирани 15 пакети со прехранбени продукти и 60 ќебиња, кои беа најнеопходни во овој период. Со доставената хуманитарна помош ја олеснивме и ублаживме потребата на жителите на селата од скопскиот регион при минусни температури.