јуни 3, 2016

ДОДЕЛЕН ПРВИОТ ПЕХАР ВО РАМКИТЕ НА ЦКА-ПХВ ПРОГРАМА-2016 ГОДИНА

Доделувањето на ПХВ пехар за најуспешната општинска организација, односно општинска организација на Црвен крст којашто изработила најголем број на проекти оценети со сонце, веќе прерасна во една убава традиција. Оваа година беа изработени 184 мали проекти од кои 27 беа оценети со фаза сонце, а овогодинешните добитници на златниот пехар во циклусот 2016 се општинските организации на Црвен крст Гостивар и Битола.
На 02 јуни се одржа свечена манифестација во локалната самоуправа-Општината на градот Гостивар во присуство на градоначалникот на Гостивар г. Невзат Бејта, генералниот секретар на Црвен крст на Р.Македонија г.Саит Саити, претседателот на Црвен крст Гостивар, секретар на Црвен крст Гостивар, други секретари, многу младинци, родители, професори, компании и поддржувачи. На настанот беа доделени и благодарници на компании кои за цело време ги поддржуваа младинците и работата на Општинската организација.
Свој придонес кон оваа прослава дадоа и дел од ЦКА-ПХВ инструкторите кои од различни делови од Македонија тој ден допатуваа во Гостивар за да бидат дел од оваа свеченост.
Покрај доделувањето на пехарот, на оваа манифестација беа доделени дипломи за најуспешните ООЦК, кои во текот на овој циклус изработиле проект со сонце. Дипломите им беа доделени на Крива Паланка, Велес, Куманово, Скопје, Гази баба, Чаир, Карпош, Кисела вода, Кичево и Струга.
Имплементацијата на националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) ова година е овозможена со поддршка преку ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

< врати се назад