јуни 7, 2016

Доделен и вториот пехар во рамките на ЦКА-ПХВ програма-2016 година

Доделувањето на ПХВ пехар за најуспешната општинска организација, односно општинска организација на Црвен крст којашто изработила најголем број на проекти оценети со сонце, има за цел сензитивизирање на локалната заедница и промоција на младинскиот активизам. Оваа година беа изработени 184 мали проекти од кои 27 беа оценети со фаза сонце, а овогодинешните добитници на златниот пехар во циклусот 2016 се општинските организации на Црвен крст Гостивар и Битола.

На 07 јуни се одржа и втората свечена манифестација во Градска библиотека во Битола во присуство на генералниот секретар на Црвен крст на Р.Македонија г.Саит Саити, претседателот на Црвен крст Битола, секретар на Црвен крст Битола, претставник од општина Битола, други секретари, многу младинци, родители, професори, компании и поддржувачи. На настанот беа доделени и благодарници на компании кои за цело време ги поддржуваа младинците и работата на Општинската организација.

Покрај доделувањето на пехарот, на оваа манифестација беа доделени дипломи за најуспешните ООЦК, кои во текот на овој циклус изработиле проект со сонце-трајни промени во заедницата. Дипломите им беа доделени на Охрид, Кавадарци, Прилеп, Струмица, Виница, Кочани.

Имплементацијата на националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) ова година е овозможена со поддршка на ЦИВИКА МОБИЛИТАС

< врати се назад