декември 3, 2019

Доделени благодарници на тимовите кои помагаа по земјотресот во Албанија

Заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џафероски, во присуство на Амбасадорот на Република Албанија во земјава, Фатос Река, на 02.12.2019 во Владата им оддадоа почит на Црвениот крст на Република Северна Македонија и на републичките сили за заштита и спасување, кои беа упатени во Албанија по катастрофалниот земјотрес .

< врати се назад