ДОДЕЛЕНИ ДОНАЦИИ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПОПЛАВЕНИОТ РЕГИОН ВО СКОПЈЕ
На 20.03.2017 во просториите на Скопски саем во присуство на Амбасадорот на Австрија во Република Македонија Ренате Коблер., претставници од локалните самоуправи при општина Гази Баба и Арачиново, се доделија донации на компјутерска опрема на 6 основни училишта и тоа ООУ „Крсте Мисирков“- Скопје, ООУ „25 мај“ – Скопје, ООУ „Кирил и Методиј“ – Скопје, ООУ „Наум Охридски“-Скопје (подрачно училиште во с. Булачани и подрачно училиште во с. Црешево) од општина Гази Баба и ООУ „Ѓерѓ Кастриот – Скендербеу “од општина Арачиново. Донацијата од лап тоp, ЛЦД проектор и платно за проектирање за училиштата е обезбедена од страна на Германскиот Црвен крст. За време на настанот беа презентирани преземените активности за поддршка на поплавеното население од страна на Црвен крст на Република Македонија а посебно беше истакната поддршката на Австрискиот Црвен крст кој е долгогодишен партнер на Црвениот крст на Република Македонија во повеќе програмски области. генералниот секретар г-дин Саит Саити упати голема благодарност до граѓаните на Република Македонија, компаниите, нашите поддржувачи, домашните и меѓународните организации, владите на државите сите кои се вклучија во активностите со што беа собрани над 80 000 000 денари и голема материјална помош за 4.751 семејство. Посебна презентација се одржа за проектот “Рaно опоравување и отпорност“ со кој се помогна на 320 семејства идентификувани како најранливи од страна на Министерството за труд и социјална политика, а имплементиран со поддршка на Австрискиот Црвен крст и Австриската развојна агенција.