декември 19, 2019

Доделување на благодарници

На 18.12.2019 година Црвениот крст на Република Северна Македонија додели благодарници на студентите кои учествуваа на работилница на тема „Вовед во Меѓународното хуманитарно право“.

Целта на работилница беше запознавање со хуманитарните принципи и стандарди, со правилата на војување, нивната практична примена и имплементација, последиците од непочитување или повреда на правилата на МХП, како и улогата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во дисеминацијата на правилата на МХП.

Исто така студентите беа запознаени поблиску со улогата, местото и активностите кои ги реализира Црвениот крст, и еден мотив и повик за нивно вклучување во активностите во различни програми.

 

< врати се назад