февруари 24, 2017

Доделување на признанија по повод тесната соработка на полето на хуманоста

На ден 23.02.2017 година, Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити го посети гарнизонот Штип, каде беше организиран свечен пречек во касарната Јане Сандански од страна командантот потполковник, Горан Петрушевски. На свечениот пречек присуствуваа и претседателот на Општинската организација на Црвен крст Штип, проф.д-р Кирил Цацков и секретарот на Општинската организација на Црвен крст Штип, Никола Камчев. Имено, Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити додели признание на командантот потполковник Горан Петрушевски по повод тесната соработка на полето на хуманоста, меѓусебната соработка и ангажирање за време на елементарни непогоди помеѓу Општинската организација на Црвен крст Штип и Армијата на Р.М, односно гарнизонот Штип.

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити потоа се упати кон Oпштината Карбинци, каде беше срдечно пречекан од страна на градоначалникот на Oпштина Карбинци, г-дин Зоран Минов на кого  г-дин Саит Саити исто така му додели признание по повод тесната соработка на полето на хуманоста, меѓусебната соработка и ангажирање за време на елементарни непогоди помеѓу Општинската организација на Црвен крст Штип и Оштината Карбинци.

< врати се назад