август 9, 2021

Донација од Пивара Скопје АД

Екстремно високите температури, што подолг временски период ја зафатија нашата земја, за жал резултираа со појава на големи пожари на повеќе локации во земјата.  Со цел да се обезбеди поддршка на тимовите кои ги гасат пожарите и населението во опожарените подрачја, Црвениот крст на Република Северна Македонија веднаш се вклучи со сите свои расположливи капацитети во активностите за помош и поддршка.

Пивара Скопје / Pivara Skopje како долгогодишен партнер на Црвениот крст на РСМ, донираше 13 тони вода и сокови неопходни за хидрација на тимовите кои ги гасат пожарите и на погоденото население, како дел од хуманитарната поддршка што Црвен крст ја дава на терен во опожарените подрачја.

< врати се назад