Донација од страна на министерот за надворешни работи Никола Димитров
Денес, во посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија беше министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Министерот Димитров беше примен од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити. Тој го информираше министерот за спроведените активности во врска со Covid – 19.
Министерот Димитров по повод одбележувањето на 29 април – Денот на Министерството за надворешни работи истакна:
„Денот на МНР – 29 април е повод за реафирмација на нашата мисија периодов – континуирана помош на македонските граѓани, но и на повеќе наши институции, преку транспоротот организиран од МНР, им беа доставени повеќе од 100,000 заштитни маски.
Дел од нив е и денешната кинеска донација од 10.400 заштитни маски и 1000 визири чиј транспорт го организиравме од Пекинг до Скопје. Помош што преку Црвениот крст на Северна Македонија ќе стигне онаму каде е најпотребна.
Денес оддаваме признание на нашите сограѓани кои се најдиректно вклучени во борбата со глобалното бреме, како и на дипломатите кои успешно се борат со предизвиците во својата работа служејќи им на своите граѓани.
Годинава честа „Дипломат на годината“ без сомнение ја заслужија дипломатите од кризниот штаб на Министерството. Честито до нив и честит да ни е Денот на МНР.”