ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИ МОТИВАТОРИ ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО СО КЛУБОВИ 25
Во хотел Солферино, Струга од 02-04 септември 2016 се одржа едукација за млади мотиватори од Клубовите 25 на Градската организација на Црвен крст на Скопје, општинските организации на Црвен крст Битола и Охрид, млади од Клуб 25 на Црвен крст на Албанија и Клуб 25 на Градска организација на Црвен крст Нови Сад од Република Србија, и 12 челнови на Клубот на крводарители на Црвен крст на Скопје.
Учесниците покажаа голема мотивираност за работа и активно учество на работилниците, интерес за презентираните теми, активно споделување на искуства, знаења и вештини, голема креативност и посветеност на тимската работа. Во групите се разви позитивна и работна атмосфера која резултираше со успешна работа и усвојување на нови знаења – што е предуслов за нивна идна добра активност како мотиватори за доброволно крводарителство.
Посебна придобивка беше можноста за размена на искуства со претствниците од Албанија и Србија и градење на пријателства меѓу учесниците – како можност за идна заедничка соработка на полето на доброволното крводарителство.
Позитивна страна на семинарот беше размената на искуства помеѓу Клубовите 25 од Скопје, Битола и Охрид, како и Клубовите 25 од Црвен крст на Албанија и Србија.