Едукација по прва помош за студенти од Природно-математичкиот факултет во Скопје
Црвениот крст на Македонија ите лидер во едукацијата за превенција, подготовка и одговор при соодветна животно застрашувачка ситуација нудејќи ги своите услуги на населението со цел нивно масовно оспособување и градење на побезбедни и поздрави заедници. Преку оваа програма Црвениот крст на Р.Македонија се обидува да придонесе во спасувањето на човечки животи и зајакнување на заедниците-внесувајќи надеж и сигурност заедно со практични способности.
На барање на Истражувачкото друштво на студенти биолози – ИДСБ, демонстратор/парамедик на Црвен крст на Република Македонија, на 29.06.2017 спроведе едукативно предавање по прва помош на 10 студенти. Целта на едукативното предавање беше оспособување на студентите и подигнување на нивната свесност за значењето на првата помош со посебен акцент на повреди кои што може да се случат за време на нивните истражувачки теренски активности. На едукативното предавање преку интерактивни методи се прикажување санирање на скршеници, крварења, каснатини од змии, животни, сончаница, хипотермија, безсознание, реанимација итн.