мај 11, 2015

Едукативна работилница за обука на мотиватори за доброволно крводарителство

DSCN0953615

Во периодот од 08 до 10 мај 2015 година во Струга се одржа едукативна работилница за обука на мотиватори за доброволно крводарителсто со учество на 21 учесник и 4 едукатори. На работилницата беа обработени следните теми :

општа тема за крводарителството со посебен акцент на мотивација за крводарителство, пренесување на позитивни искуства и примери за доброволно крводарителство, Крв и крвни елементи, Актуелности во модерната трансфузиологија, работата и активностите на Тимот за координација и Дневниот центар за дарување на крв, Психолошки аспекти во крводарителството со посебен   акцент на Комуникација – дефиниција, видови комуникација, пречки во комуникацијата фактори и чувства за ефективна комуникација, активно слушање, тим и тимска работа, Клуб 25 и Клуб на крводарители. прикажување на спотови, кратки филмови и клипови за крводарителство, практични вежби за предрасуди, мотивација и тимска работа во крводарителството, филм за исхрана според крвни групи и квизови.

На крајот на работилницата низ процесот на евалуација сите учесници споделија свои мислења, впечатоци и очекувања за работилницата и искажаа задоволство од целокупната организација на работилницата, изборот на содржини и од начинот на презентирање на темите, исполнетост на нивните очекувања, можност за размена на искуства и надоградба на претходните и стекнување нови знаења, информации и вештини во крводарителството, стекнување на нови пријателства, соработка и градење на мрежа на волонтери кои ќе се вклучат во поддршка и реализација на активностите во иднина.

< врати се назад