Едукација на негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство
Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на Проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, финансиран од Австриското Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, со поддршка на Австрискиот Црвен крст, од 11 до 13 јуни 2023 година, во едукативниот тренинг центар „Солферино“ во Струга организираше работилница за едукација на негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство.
Целта на едукацијата беше да се сензибилизираат обучените негуватели за ризиците од семејно и родово-базирано насилство врз старите лица и лицата со попреченост, препознавање на знаците на насилство, пријавување на проблемот и поврзување со надлежни институции во системот, одговорни за заштита на жртвите на семејно и родово-базирано насилство. На работилницата учествуваа 28 негуватели кои беа обучени во рамките на проектните активности преку општинските организации на Црвен крст Кичево и Куманово.