Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
FAEEN-– First Aid Education European Network

2019-10-08

FAEEN-– First Aid Education European Network

Вo периодот од 03-05.10.2019, во Солентуна / Стокхолм – Шведска, се одржува 28-от Европски состанок за прва помош ( FAEEN – First Aid Education European Network) на ниво на национални друштва во организација на Шведски Црвен крст. На истиот присуствуваа 64 учесници од 37 национални друштва меѓу кои и Црвен крст на Република Северна Македонија, Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвен полуменсечина, како и Меѓународен Комитет на Црвен крст.

На истиот се претставуваа активности на национални друштва како новости во делот на првата помош, но и се претставуваат нови методи и техники со цел зголемување на бројот на лица едуцирани со прва помош но и лица подготвени за укажување на прва помош во случај на потреба.