Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Финална работилница „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“

2019-01-29

Финална работилница „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“

Во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, од 25 до 27 јанузари 2019 година во Струга се одржа финална работилница во организација на Црвениот крст на РМ и Здружението Хуманост, партнери во проектот во Македонија. Целта за  одржување на финалната работилница беше да се заокружи тригодишната имплементација на проектните активности кои беа координирани од страна на Црвениот крст на Србија, а се реализираа во пет земји на Западен Балкан, Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е финансиран со поддршка на Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

На отворањето на финалната работилница се обратија генералниот секретар  на Црвениот крст на Република Македонија д-р Саит Саити, како и извршниот директор на здружението Хуманост, Сашко Јованов. Тие го истакнаа значењето на  тригодишната имплементација на проектот кое позитивно се рефлектираше во нашата држава во насока на обезбедување приоднес во социјалната вклученост на постарите лица.

На работилницата од страна на проектниот координатор Љупка Петковска, стручен соработник во Црвениот крст на РМ, беа претставени остварените резултати од  имплементираниот проект во Македонија. Од страна на регионалниот координатор Наташа Тодоровиќ, од Црвениот крст на Србија беа споделени и постигнатите резултати од проектната имплементација во петте земји.

Во текот на финалната работилница на различни теми посветени на староста и стареењето говореа проф. д-р Сунчица Димитријоска од Институтот за социјална работа и социјална политика на тема за прифаќање на староста; за политиките на градот Скопје за испорака на услуги на ранливи целни групи, со акцент на стари лица, говореше, Наташа Манеска, од Град Скопје; предлог измените на Законот за социјалната заштита во Република Македонија, ги претстави Зоран  Блажевски од  Министерство за труд и социјална политика; за демографските трендови на населението, говореше Ирена Спирковска од UNFPA, на тема „Здравјето на старите лица во РМ“ говореше проф. д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје. На работилницата беше претставена и Анализата на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година, од страна на Сашко Јованов од Хуманост, која беше спроведена минатата година и земаа учество членките на мрежата.

Од страна на претставници на 12 здруженија на граѓани  беа презентирани постигнатите резултати од  реализација на малите проектни активности за социјална вклученост на старите лица  во заедниците. Од спроведените мали иницијативи во петте земји ќе биде публикувана брошура која ќе биде испечатена на сите јазици на земјите учеснички во проектот.

На крајот на финалната работилница беа дадени  предлози за одржлив развој на мрежата ИнклузиваМ, која ќе продолжи да функционира и по завршување на регионалниот проект.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025