Форум за доброволно крводарителство
Во периодот од 10-12 јули 2020 година во Струга во хотел ,,Солферино,, се одржа Форум за доброволно крводарителство на тема “Крводарителството во кризни состојби и епидемии”. На Форумот беа присустни 21 претставник, членови од Раководниот одбор и вработени во Црвен крст на Република Северна Македонија, Институтот за трансфузиона медицина, Генералштаб на АРМ, Општински организации на Црвен крст, Клуб на крводарители, Македонска-радио телевизија, компании и др.
На отворањето на Форумот пред присутните се обрати потпретседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија г-дин Димитар Каракулев и официјално го отвори форумот.
На Форумот во две сесии беа разработени две теми и тоа:
- “Контрола и превенција на COVID 19 и улогата на Црвениот крст во справување со организација на активности за крводарителство во кризни состојби и епидемии”;
- “Крводарување во време на COVID 19”.
На Форумот исто така се дискутираше и за подготвување на политики и стратегија за крводарителство во кризни состојби и епидемии и беа донесени генерални заклучоци од Форумот за доброволно крводарителство.