мај 23, 2024

ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!

Доколку  сте креативна и мотивирана личност и сакате да работите во пријатна атмосфера со можност за напредок во кариерата, продолжете да читате.

Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи,  го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија, објавува оглас за работното место:

 

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР


Локација
: Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса:    Булевар Кочо Рацин број 13, Скопје 

 

Потребни квалификации:

 

  • Ќе се смета за предност работно искуство и завршено соодветно образование од областа на графичкиот дизајн
  • Дигитални вештини: познавање на работа на  програмите Аdоbe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign
  • Познавање на англиски јазик

 

Способности и вештини

 

  • Иновативност и креативност
  • Активно познавање на трендовите во областа на дизајнот
  • Посветеност на работата
  • Комуникативна и позитивна личност
  • Тимски работник
  • Способност за добро менаџирање со време и рокови
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

 

Работни должности:

 

  • Подготвува идејни решенија, дизајн и графичко уредување за промотивен материјал и сите видови на документи кои се во функција на дејноста на Црвениот крст;
  • Врши компјутерска обработка и дизајнирање на информативно – пропаганден материјал;
  • Работи на изработка на идејни решенија за социјалните медиуми и веб страница;
  • Нуди креативни решенија за визуелен маркетинг кое вклучува креативно осмислување и графичка и медиумска изведба на разновидни кампањи;
  • Работи на унапредување и дизајн на визуелниот изглед на публикациите на Црвениот крст;
  • Ги идентификува и ги адаптира најдобрите практики и алатки за визуелизација на податоци, информации, наоди и резултат;
  • Дизајн на материјали за печатење и електронска објава;

 

 

Инструкции како да аплицирате :

Испратете ваша кратка биографија, мотивациско писмо (зошто да Ве викнеме токму Вас на интервју)  и портфолио на е-маил:

admin.asistent@redcross.org.mk. и asistent@redcross.org.mk

 

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

 

Огласот трае 10 ( десет) дена од денот на објавувањето.

 

Ве очекуваме.

 

Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на личните податоци.

< врати се назад