ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!
Доколку сте креативна и мотивирана личност и сакате да работите во пријатна атмосфера со можност за напредок во кариерата, продолжете да читате.
Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија, објавува оглас за работното место:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија
Адреса: Булевар Кочо Рацин број 13, Скопје
Потребни квалификации:
- Ќе се смета за предност работно искуство и завршено соодветно образование од областа на графичкиот дизајн
- Дигитални вештини: познавање на работа на програмите Аdоbe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign
- Познавање на англиски јазик
Способности и вештини
- Иновативност и креативност
- Активно познавање на трендовите во областа на дизајнот
- Посветеност на работата
- Комуникативна и позитивна личност
- Тимски работник
- Способност за добро менаџирање со време и рокови
- Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Работни должности:
- Подготвува идејни решенија, дизајн и графичко уредување за промотивен материјал и сите видови на документи кои се во функција на дејноста на Црвениот крст;
- Врши компјутерска обработка и дизајнирање на информативно – пропаганден материјал;
- Работи на изработка на идејни решенија за социјалните медиуми и веб страница;
- Нуди креативни решенија за визуелен маркетинг кое вклучува креативно осмислување и графичка и медиумска изведба на разновидни кампањи;
- Работи на унапредување и дизајн на визуелниот изглед на публикациите на Црвениот крст;
- Ги идентификува и ги адаптира најдобрите практики и алатки за визуелизација на податоци, информации, наоди и резултат;
- Дизајн на материјали за печатење и електронска објава;
Инструкции како да аплицирате :
Испратете ваша кратка биографија, мотивациско писмо (зошто да Ве викнеме токму Вас на интервју) и портфолио на е-маил:
admin.asistent@redcross.org.mk. и asistent@redcross.org.mk
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Огласот трае 10 ( десет) дена од денот на објавувањето.
Ве очекуваме.
Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на личните податоци.