август 12, 2024

ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!

Доколку сте професионална, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во пријатна атмосфера со можност за напредок во кариерата, продолжете да читате.

Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

 

Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија, објавува оглас за работно место:

Стручен соработник за финансиски и административни работи

 

Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје

 

Потребни квалификации: 

  • Работно искуство: Минимум 2 години на иста или слична работна позиција. Пожелно е искуство со раководење финансии и администрација на долгорочни проекти финансирани од странски донатори
  • Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
  • Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom. Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon.
  • Јазици: Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)

 

Способности и вештини:

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Високо развиени организациски и аналитички способности
  • Способност за работа под притисок и куси временски рокови
  • Критичко размислување
  • Тимска работа
  • Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели
  • Иновативност и креативност
  • Желба за учење
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

 

Работни должности:

  • Водење на финансиското книговодство и сите работи од областа на материјалното и финансиското работење;
  • Контирање и книжење за севкупните финансиски промени;
  • Помагање при извршување на задачи од областа на материјално-финансиското работење;
  • Подигање на готови пари за намирување на: платни налози, готовински сметки, ситни набавки на потрошени материјали и горива за службените возила;
  • Комплетирање на финансиските документи и ликвидатура на истите;
  • Подготовка на излезни фактури;
  • Водење евиденција на влезни и излезни фактури;
  • Усогласување на евиденцијата во магацините и материјалното книговодство;
  • Водење на касов извештај и регистрирање на сите финансиски промени;
  • Подготпвка на патни сметки за службени патувања;
  • Подготовка на налози и вирмани за исплата на придонеси и други законски давачки;
  • Изготвување платни списоци и вршење пресметка на плати на вработените во Стручната служба;

 

Дополнителни информации:

Работното време за оваа позиција е 40 часа неделно, од понеделник до петок. Работните активности се извршуваат во просториите на Црвениот крст на РСМ.Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија на следниве емаил адреси:

mrc@redcross.org.mk или asistent@redcross.org.mk

Ве очекуваме.

 

Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на лични податоци.

< врати се назад