Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија

2022-12-30

Почитувани,

На крајот од годината кој изминува дозволете ми да искажам посебна благодарност до сите наши волонтери, вработени, нашите партнери и поддржувачи за инспиративните заложби и придонес во остварувањето на мисијата на Црвениот крст во Република Северна Македонија. Голема благодарност и до сите наши сограѓани кои не поддржуваа и беа со нас во реализирањето на нашите програми, проекти, кампањи и активности.

Позади нас оставаме уште една година исполнета со успешни остварувања, во која сите заедно дадовме наш придонес за подобрување на животот на различни целни корисници кои ги опслужува Црвениот крст. На тој пат и годинава бевме исправени пред различни предизвици како резултат на севкупните економски и социјални збиднувања, справувањето со КОВИД-19, миграциите и други актуелни прашања од доменот на  работата на Црвениот крст. Благодарение на ангажманот на нашите волонтери и вработени но и континуираната поддршка на нашите партнери, со задоволство може да заклучиме дека бевме успешни и дадовме наш скромен придонес во надминување на севкупните предизвици во нашето општествено опкружување.

Посебно ни е драго што нашата организација ја ужива довербата и поддршката во државата и препознавањето на Црвениот крст како достоен и докажан партнер во извршување на помошната улога на властите во државата. Оваа поддршка беше изразена со континуирана финансиска поддршка на програмите на Црвениот крст но и со вклучувањето на нашата организација во нови инцијативи и сервисни услуги кои се обезбедуваат за различни категории на корисници во земјата. Местото и улогата на Црвениот крст во Република Северна Македонија се дефинирани со законски решенија но обемот на поддршка и довербата во нашата организација се должат на нашето секојдневно професионално извршување на нашите активности.

Горди сме на довербата и угледот кој го уживаме пред сите одговорни фактори и организации кои во изминатата година со задоволство го истакнуваа и поддржуваа Црвениот крст на РСМ како нивен партнер во спроведување на  различни иницијативи за подобрување на квалитетот на услуги и поддршка за различни целни групи. Впрочем во таа насока се и резултатите од неодамнешното спроведено истражување на јавното мислење за работата на нашата организација во земјата од кои може да се согледа дека Црвениот крст на РСМ е водечка хуманитарна организација во земјата која ужива голема доверба од нашите сограѓани.

Годинава ги започнавме подготовките за наше преминување во следните фази од развојот. Процесот го нарековме Трансформација-28. Наша цел е постојано да се надградуваме, да бидеме поуспешни, да бидеме во чекор со новите трендови. Но и да бидеме самокритични и да инвестираме во области каде постои простор за напредок и подобрување. Уверен сум дека сите заедно во периодот пред нас ќе најдеме сила и мотивација кои ќе не сплотат да бидеме уште поефикасни и поодговорни во духот на основните принципи и вредности на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Да се биде дел од Црвениот крст е голема чест но и одговорност. Ние сме организација  отворена за сите кои сакаат преку своите мали дела да направат многу за луѓето на кои им е потребна поддршка. Искрено се надевам дека и следната година ќе бидете заедно со Црвениот крст. Секоја подадена рака за поддршка носи голема позитивна промена во животот на луѓето.

Дозволете ми на крајот, во име на Црвениот крст на Република Северна Македонија да Ви ја честитам Новата 2023 Година и да ви посакам убави Божиќни празници исполнети со многу здравје и среќа.

Со почит

д-р Саит Саити

Генерален секретар

Црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025