Red Cross Shape
Хуманитарна акција „Да споделиме радост“

2020-12-28

Хуманитарна акција „Да споделиме радост“

Црвениот крст на Република Северна Македонија во соработка и со поддршка на ЕВН АД Скопје и оваа година организира хуманитарна акција „Да споделиме радост“.  Во рамките на акцијата обезбедени се 650 Новогодишни пакетчиња  за деца од  семејства во социјален ризик и деца со попреченост. Подароците ќе се поделат преку Црвениот крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст Битола, Гостивар, Куманово, Кичево, Струга и Штип. Целта на оваа акција е да се подари насмевка и радост на децаta, како и  да се споделат среќни моменти  за Новогодишните празници.

Дистрибуицијата на Новогодишните пакетчиња за децата ќе биде организирана до нивните домови, а ќе биде реализирана од страна на волонтерите на Црвениот крст.

Други вести

Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година
Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom