Хуманитарна помош од САД за мигрантите и бегалците
На 12 Февруари 2016 година, во магацинските простории на Црвен крст на Република Македонија во Момин поток, реализирано беше примопредавање на хуманитарна помош од Американската амбасада. Помошта во вкупна вредност од 300 000 американски долари е во вид на опрема со која полесно ќе се справиме со хуманитарните предизвици со мигрантите и бегалците. Хуманитарната помош е наменета за Центрот за управување со кризи, Армијата на Р. Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување како и тимовите за одговор при катастрофи при Црвен крст.
На настанот присуствуваше Амбасадорот на САД во Р. Македонија г-дин Џес Бејли, претставници од Американската амбасада, генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити како и претставници на Црвениот крст.
Со донираната помош, продолжуваме со нашата хуманитарна работа, поддршката во заедницата и активности за помош како наш приоритет, но и соодветен и навремен одговор на предизвиците кои ги донесе мигрантската криза како на глобално, така и на локално ниво.