
2019-11-27
Хуманитарна помош за Албанија
Црвен крст на Република Северна Македонија и Програмата за подготвеност и одговор при катастрофи се подготвува за транспорт на хуманитарна помош во Албанија во комуникација со Албански Црвен крст за погоденото население од денешниот земјотрес.
Тимот на Црвениот крст се приклучува на конвојот од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, МВР и Противпожарната бригада.