мај 11, 2015

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ЕВАКУИРАНИТЕ ЛИЦА ВО КУМАНОВО

kumanovo

Во насока на надминување на последиците предизвикани од немилите случувања во Дива населба – општина Куманово на 09 и 10 мај, 2015 година Црвениот крст на Република Македонија, согласно својата мисија и улогата во општеството, презеде активности за обезбедување на хуманитарна поддршка за погоденото население.

Црвениот крст на Република Македонија активностите ги реализираше преку тимот за дејствување при катастрофи на националното друштво и Општинската организација на Црвен крст Куманово.

Општинската организација на Црвен крст Куманово воведе дежурство и пункт за евиденција на лицата на кои им е потребна помош. Како резултат на добиените барања и процената на потребите, за погоденото население беше обезбедена итна помош која се состоеше од 100 литри вода за пиење, 160 ќебиња, 40 душеци, 30 пакети со прехрамбени продукти, 30 пакети со средства за хигиена.

Црвениот крст на Република Македонија е подготвен и понатака да ја следи состојбата и да излезе во пресрет на најитните потреби на загрозеното население.

< врати се назад