февруари 3, 2015

Хуманитарна помош за настраданите семејства – намалување на последиците од поплавите

Обилните врнежи што ја зафатија Република Македонија во изминатиов период (25,26,31.01 и 02.02. 2015 година) доведоа до излевање на реките од речните корита, излевање на браната Калиманци, при што беа предизвикани  бројни последици на инфраструктурата, земјоделските посеви и домовите на жителите во неколку региони во државата. Црвениот крст на Р. Македонија преку Општинските организации на Црвен крст испрати тимови за проценка за потребите од хуманитарна помош за настраданото население. Според обезбедените информации од терен најзагрозени и најпогодени општини во РМ се: Куманово, Штип, Струмица, и Кочани, Прилеп (Кривогаштани) и Битола. Црвениот крст на Република Македонија во соработка со државните институции на централно и локално ниво, веднаш почна со дистрибуирање на хуманитарна помош на најпогодените семејства од поплавите. Хуманитарна помош се дистрибуираше на 15 семејства, со пакети во храна во селата Пухче и  Степанци , на 22 семејства со  пакети со храна, 22 пакети со хигиена и 66 ќебиња за населението од општина Радовиш и Конче, на 20 семејства со пакети во храна и  хигиена и 60 ќебиња во општина Кочани и на 50 семејства со хигиенски пакети, 30 пакети со храна, 30 душеци, 300 ќебиња и 700 литри флаширана вода во општина Штип. Црвен крст на Република Македонија, и понатаму будно ја следи состојбата и е во постојана комуникација и координација со државните институции на централно и локално ниво. poplava_3 poplava_1

< врати се назад