август 29, 2016

Хуманитарна помош за семејствата од поплавените подрачја

Поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Скопје и Тетово. Поплавите на жал предизвикаа човечки загуби, како и големи материјални штети кои непосредно го погодија населението, за што веднаш беа преземени соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.

Во текот на изминатите 48 часа, тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош, поддршка и евакуација на жителите и беа дистрибуирани 3.500 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 45 тони вода, 90 душеци, 156 кебиња, 130 кг облека. Укажани се 17 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

Во целата операција вклучени се 60 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227), а трите пунктови на Црвениот крст на терен служат за дистрибуција на хуманитарна помош.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

До сега се собрани 3.217.000 денари на сметката на Фондот на солидарност.

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 5.386.000 денари со повик на телефоните.

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Уште еднаш, апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

Со почит,

Црвен крст на Р.Македонија

< врати се назад