Хуманитарна помош
Денес, 12.05.2015 година во 14:00 часот Црвениот крст на Република Македонија преку Општинската организација на Црвен крст Куманово, ќе изврши дистрибуција на првична хуманитарна помош за задоволување на потребите на 110 семејства кои се зафатени со последиците од неодамнешните немили случувања во Дива населба (урбана заедница Тоде Мендол), Куманово.
За задоволување на потребите Црвениот крст на Република Македонија ќе дистрибуира пакети со храна, пакети со средства за хигиена, 500 ќебиња, хигиенски бебешки пакети, бебешки пелени, 100 пара чизми, 100 сетови со средства за дезинфекција и 3,5 тони вода за пиење.
Црвениот крст на Република Македонија и понатака ќе ја следи состојбата и во соработка со кризниот штаб на Општина Куманово и месното население ќе одговори на евентуалните итни хуманитарни потреби.