Информација од одржана симулациона вежба “Сообраќајна несреќа со поголем број повреди и изгореници”
На 22.05.2014 година во Скопје се одржа симулациона вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени и со изгореници“ во организација на Министерството за здравство на РМ и СЗО регионална канцеларија Скопје. На вежбата учество земаа ИМП Скопје, Општа Болница-8-ми Септември, МВР, Противо пожарната служба, ЦУК, ДЗС, Црвен крст на РМ, Црвен крст на Град Скопје и град Скопје.
Целта на вежбата беше да се подигне степенот на подготовка при кризни состојби, во рамките на приоритетот за Здравствена безбедност, одговор и подготовка при кризни состојби.
Имено, според сценариото се случи сообраќајна несреќа помеѓу автобус и патничко возило во градскиот парк во Скопје. Поради силниот удар се јавува пожар во автобусот, каде 17 лица се повредени и кои итно треба да бидат евакуирани.
Црвениот крст на Република Македонија како резултат на долгогодишната и плодна соработка со Министерството за здравство, го дадоа својот придонес во одржувањето на оваа вежба, така што обезбедија повеќе од 20 волонтери кои глумеа повредени, како и лица, шминкери кои реалистично ги прикажаа повредите. Со оваа активност, волонтерите придонесоа вежбата да биде по реална, а условите за работа на екипите да бидат значително отежнати односно реални.