Информација од одржаниот курс за обука на предавачи и демонстратори по прва помош за кандидати за возачи
Согласно Правилникот за содржините на програмата за оспособување на предавачи за изведување на наставна програма за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода, за потребите на ООЦК на 25 и 26-ти јануари 2014 година Црвениот крст на Република Македонија одржа курс за обука на предавачи и демонстратори по прва помош за кандидати за возачи.
На истиот зедоа учество 17 кандидати од кои 12 беа предавачи и 5 демонстратори од ООЦК Пробиштип 1, Делчево 1, Карпош 1, Радовиш 1, Гостивар 1, Чаир 3, Берово 2, Крива Паланка 3, Струга 2 и Кочани 2.
Обуката беше реализирана во два дена и се состоеше од теоретски и практичен дел на следните теми:
- -Правни аспекти во оспособување на кандидатите за возачи
- -Комуникациски вештини
- -Општи познавања за првата помош
- -Постапки при сообраќајна незгода
- -Срцево белодробно оживување
- -Бесознание
- -Крварење
- -Повреди
- -Скршеници
- -Нагмечувања,исчашувања,шинување
- -Извлекување на повреден од возило,вадење на кацига
- -Користење на автоматски надворешен дефибрилатор
Како едукатори на истата беа претставници од Националниот совет за ресуситација на Република Македонија проф. д-р Јордан Нојков и прим.д-р Весна Неделковска како и од Медицинскиот Факултет проф. д-р Владимир Мирчевски, асс.д-р Огнен Костовски, а од стручната служба на Црвен крст на Република Македонија беа ангажирани лицата д-р Анета Тргачевска, Глигор Новачевски и Стојан Мишев.
На крајот од обуката се спроведе испит на кој кандидатите пред испитна комисија имаа можност да ги покажат стекнатите практични знаења за срцево белодробно оживување и за укажување на прва помош при евентуални други повреди. Истите успешно го положија испитот.
За цело време од реализацијата на курсот кандидатите покажаа голема заинтересираност, залагање, знаење и дисциплина што доведе до беспрекорно одвивање на наставата, и на крај на задоволство на двете страни резултираше со успешно полагање на завршниот испит.