декември 23, 2020

Информација за спроведување на курс за предавачи и демонстратори по прва помош за кандидати за возачи

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 26-27.12.2020 година ќе одржи курс за демонстратори  и предавачи за курсевите по прва помош за возачи на моторни возила. Обуката ќе се спроведе во просториите на ЦКРСМ, во строго контролирани услови согласно протоколот за спроведување на обуки и курсеви пропишан од Владата на РСМ. Сите присутни ќе бидат обезбедени со  заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете и пред почетокот на обуката ќе биде измерена телесната температура на присутните и задолжително потполнување на епидемиолошки анкетен формулар.

Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.

< врати се назад