Информативна сесија со претставници на компании – членки на Американската стопанска комора во македонија
Црвен крст на Република Македонија во соработка со Американската стопанска комора во Македонија на 25.06.2015 година одржа информативна сесија со претставници на компании – членки на стопанска комора во Македонија.
Сесијата беше отворена од страна на генералниот секретар на Црвен крст на РМ г-дин Саит Саити и извршниот директор на Американската стопанска комора во Македонија г-ѓа Michelle Osmanli.
Генералниот секретар на Црвен крст на РМ г-дин Саит Саити истакна дека добрите практики претставуваат успешни примери на партнерска соработка на Црвениот крст со компании во Република Македонија и истите како и понудените иницијативи претставуваат можност за соработка, и зацврстување на веќе воспоставните партнерски релации за заедничко вложување во заедниците за подобрување на квалитетот на животот на населението.
Од страна на претставници на компании – членки на Американската стопанска комора во Македонија. беа споделени досегашните искуства и парнерската соработка помеѓу Црвениот крст и корпоративниот сектор.