Red Cross Shape
Иницијатива за формирање на клуб 25 во ООЦК Битола

2015-06-12

Иницијатива за формирање на клуб 25 во ООЦК Битола

klub25_Bitola

На 10 јуни 2015 година во Општинската организација на Црвен крст Битола се одржа работен состанок со клубот на млади при ООЦК Битола на кој присуствуваа 20-тина млади. Состанокот го отвори претседателката на ООЦК Битола д-р Диана Димитрова, за крводарителството и младите зборуваше Глигор Новачевски од Црвениот крст на Република Македонија, Александра Валкановска координаторот на млади и крводарителство во Црвениот крст на град Скопје во својата презентација ги запозна присутните за Клуб 25 во светот и во Македонија, а Александра Трендевска лидер на Клубот 25 од Скопје ги пренесе нивните искуства и активности. На состанокот беа презентирани промотивно-издавачки материјали, видео спотови и клипови за спроведени кампањи со младите од Клубот 25 во изминатите години.

Состанокот помина во одлична атмосфера, имаше голем интерес од страна на младите кои поставуваа прашања и беа заинтересирани за формирање на Клуб 25 во ООЦК Битола.

Еден од заклучоците е да се вклучат младите од Битола на семинарот кој ќе се одржи во периодот од 04-06 септември 2015 година во Струга.

Други вести

Нова енергија за дисеминацијата
САИТ САИТИ И ФАТИХ ШАХБАЗ СО НОВИ ХУМАНИТАРНИ ПРОЕКТИ
ЛИДЕРСТВО, ДОБРО УПРАВУВАЊЕ И ПОСИЛНА УЛОГА ВО ЗАЕДНИЦАТА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom