Инвестираме во организациски развој на ООЦК/ЦКГС
Црвен крст на РСМ континуирано работи на надоградување на човечките и организациски капацитети, базирано на потребите на ООЦК/ЦКГС и локалната средина.
Со цел обезбедување на адекватна поддршка за организациски развој, во период од јануари до месец мај ќе се спроведува Методологија и критериуми за вреднување на активности на општински организации на Црвен крст / Црвен крст на град Скопје.
Стручниот тим на централната канцеларија организираше обуки за зајакнување на капацитетите на претставници од нашите Општински организации и Црвен крст на град Скопје за спроведување на процесот на самопроценка. Беа обучени вкупнo 33 лица за фасилитрање на тимовите за самопроценка.
Методологијата за вреднување на активностите на ООЦК/ЦКГС ќе ни овозможи да се направи увид на позитивните и негативните аспекти во работата на ООЦК/ЦКГС се со цел да се обезбедат информации за преземање на развојни мерки за поуспешна работа на националното друштво на сите организациски нивоа.
Методологијата се заснова на проценка на остварените резултати на спроведените активности на интегралните делови на националното друштво во следниве суштински области:
- Организација и развој и партнерска соработка
- Волонтерски менаџмент
- Финансиско и материјално работење
- Информирање и комуникации
- Дисеминација
- Подготвеност и дејствување при катастрофи
- Социјално хуманитарна дејност
- Мобилизирање на фондови
- Здравствена превентивна дејност
- Прва помош
- Младински активности
- Проектно работење
- Иновативност
Методолгијата ќе се одвива во две последователни фази и тоа:
Прва фаза:
- Селекција на тим на ниво на ООЦК/ ЦКГС составен од раководната и управната структура
- Спроведување на детална самопроцена на силните страни, слаби страни и потенцијали на ООЦК/ЦКГС во рамките на контекстот каде делува по области
Втора фаза:
- Процената која ќе ја врши одговорен тим од централата на националното НД со цел да се потврдат податоците и мислењата поднесени од одговорниот тим за самопроцена на ООЦК/ЦКГС.
- Подготовка на финален документ со препораки и насоки за подобрување на работењето на ООЦК/ ЦКГС.
Добиените резултати и препораки за подобрување на работењето на ООЦК/ЦКГС ќе бидат интегрирани во плановите за работа на националното друштво и ќе овозможат подобрување на 13те суштинска област од работењето на Црвен крст на Република Северна Македонија.