Red Cross Shape
Инвестираме во организациски развој на ООЦК/ЦКГС

2020-01-23

Инвестираме во организациски развој на ООЦК/ЦКГС

Црвен крст на РСМ континуирано работи на надоградување на човечките и организациски капацитети, базирано на потребите на ООЦК/ЦКГС и локалната средина.

Со цел обезбедување на адекватна поддршка за организациски развој, во период од јануари до месец мај ќе се спроведува Методологија и критериуми за вреднување на активности на општински организации на Црвен крст / Црвен крст на град Скопје.

Стручниот тим на централната канцеларија организираше обуки за зајакнување на капацитетите на претставници од нашите Општински организации и Црвен крст на град Скопје за спроведување на процесот на самопроценка. Беа обучени вкупнo  33 лица за фасилитрање на тимовите за самопроценка.

Методологијата за вреднување на активностите на ООЦК/ЦКГС ќе ни овозможи да  се направи увид на позитивните и негативните аспекти во работата на ООЦК/ЦКГС се со цел да се обезбедат информации за преземање на развојни мерки за поуспешна работа  на националното друштво на сите организациски нивоа. 

Методологијата се заснова на проценка на остварените резултати на спроведените активности на интегралните делови на националното друштво во следниве суштински области:

  • Организација и развој и партнерска соработка
  • Волонтерски менаџмент
  • Финансиско и материјално работење
  • Информирање и комуникации
  • Дисеминација
  • Подготвеност и дејствување при катастрофи
  • Социјално хуманитарна дејност
  • Мобилизирање на фондови
  • Здравствена превентивна дејност
  • Прва помош
  • Младински активности
  • Проектно работење
  • Иновативност

Методолгијата ќе се одвива во две последователни фази и тоа:

Прва фаза:

  • Селекција на тим на ниво на ООЦК/ ЦКГС составен од раководната и управната структура                           
  • Спроведување на детална самопроцена на силните страни, слаби страни и потенцијали на ООЦК/ЦКГС во рамките на контекстот каде делува по области

 Втора фаза:

  • Процената која ќе ја врши одговорен тим од централата на националното НД со цел да се потврдат податоците и мислењата поднесени од одговорниот тим за самопроцена на ООЦК/ЦКГС.
  • Подготовка на финален документ со препораки и насоки за подобрување на работењето на ООЦК/ ЦКГС.

Добиените резултати и препораки за подобрување на работењето на ООЦК/ЦКГС ќе бидат интегрирани во плановите за работа на националното друштво и ќе овозможат подобрување на 13те суштинска област од работењето на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Други вести

Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom