ИПА КАМПЕКС 2015 Визбегово, Македонија
Црвениот крст на Република Македонија беше дел од организацијата на Меѓународната вежба ИПА Кампекс 2015 која се одржа во периодот 15 до 19 јуни-2015 година во Визбегово-Скопје, во главна организација на Дирекција за заштита и спасување на Р. Македонија, во соработка со ЕУ-Генералниот директорат за хуманитарна помош и цивилна заштита и конзорциумот формиран за оваа намена составен од службите за заштита и спасување на Словенија, Хрватска, Германија, Италија, Шведска и приватната фирма „Синерџис“ од Австрија.
Сценариото на вежбата беше катастрофален земјотрес во Северниот дел на Република Македонија и подигање на шаторска населба за настраданото население. Република Македонија на вежбата беше застапена со единици кои се дел од системот за кризен менаџмент.
Вежбата започна на 15 јуни со симулациска командно-штабна вежба на која беше прифатена помош од земјите во регионот. На 16 јуни пристигнаа тимовите од Македонија-Црвен крст на РМ, Германија, Италија, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, а на 17-ти беше поставен и кампот за привремено раселени лица во кој беа прифатени околу 250 лица. На 18-ти се одвиваше Главниот дел од вежбата во која Црвениот крст заедно со останатите учесници интервенираше за згрижување на повредените лица.
Црвениот крст на Република Македонија, на вежбата учествуваше со тимови за логистика (подготовка на храна за 250 лица), тим за вода и санитација ( поставување на систем за водоснабдување на целиот камп, поврзување на Турската кујна, Италијанската болница, поврзување на тушеви, тоалети и чешми за сите учесници), тим за служба барање (прифаќање и регистрација на 250 лица), медицинско обезбедување на целиот настан, (амбулатно возило и тим за медицинско згрижување со 4 сериозни интервенции).
Црвениот крст на РМ учествуваше со претставник и во Главниот кризен штаб на вежбата и набљудувач. За време на оперативните вежби ЦКРМ учествуваше со 50 манекени и 5 шминкери за реалистично прикажување на рани и повреди, едно амбулантно возило со комплетен медицински тим, две возила (џипови) за транспорт на повредени до Италијанската болница.