Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ИПА КАМПЕКС 2015 Визбегово, Македонија

2015-06-22

ИПА КАМПЕКС 2015 Визбегово, Македонија

Црвениот крст на Република Македонија беше дел од организацијата на Меѓународната вежба ИПА Кампекс 2015 која се одржа во периодот 15 до 19 јуни-2015 година во Визбегово-Скопје, во главна организација на Дирекција за заштита и спасување на Р. Македонија, во соработка со ЕУ-Генералниот директорат за хуманитарна помош и цивилна заштита и кон­зор­ци­у­мот формиран за оваа намена составен од службите за заштита и спасување на Сло­венија, Хрватска, Германија, Италија, Шведска и приватната фирма „Си­нер­џис“ од Австрија.

Сценариото на вежбата беше ка­тас­трофален земјотрес во Северниот дел на Република Македонија и по­ди­гање на шаторска населба за на­стра­даното население. Република Македонија на вежбата беше застапена со еди­ни­ци кои се дел од системот за кризен менаџмент.

Вежбата започна на 15 јуни со симулациска командно-штабна вежба на која беше   прифатена помош од земјите во регионот. На 16 јуни пристигнаа тимовите од Македонија-Црвен крст на РМ, Германија, Италија, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, а на 17-ти беше поставен и кампот за привремено раселени лица во кој беа прифатени околу 250 лица. На 18-ти се одвиваше Главниот дел од вежбата во која Црвениот крст заедно со останатите учесници интервенираше за згрижување на повредените лица.

Црвениот крст на Република Македонија, на вежбата учествуваше со тимови за логистика (подготовка на храна за 250 лица), тим за вода и санитација ( поставување на систем за водоснабдување на целиот камп, поврзување на Турската кујна, Италијанската болница, поврзување на тушеви, тоалети и чешми за сите учесници), тим за служба барање (прифаќање и регистрација на 250 лица), медицинско обезбедување на целиот настан, (амбулатно возило и тим за медицинско згрижување со 4 сериозни интервенции).

Црвениот крст на РМ учествуваше со претставник и во Главниот кризен штаб на вежбата и набљудувач. За време на оперативните вежби ЦКРМ учествуваше со 50 манекени и 5 шминкери за реалистично прикажување на рани и повреди, едно амбулантно возило со комплетен медицински тим, две возила (џипови) за транспорт на повредени до Италијанската болница.

DSC_0719 DSC_0755

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025