Итно Копче – Политика на приватност
Изберете јазик на Политиката на приватност:
Политиката на приватност на личните податоци на мобилната апликација го уредува начинот на кој Црвен крст на Република Македонија ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (поединечно – „Корисник“) на Итно Копче („Апликација“). Оваа политика за приватност се однесува единствено за мобилната апликација.
Кои информации ги собираме?
Црвениот крст на Република Македонија ги собира следниве податоци при посета на апликацијата:
Лични идентификациски информации
Ние може да собираме лични идентификациски информации од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на апликацијата.
Локација на уредот
Локацијата на лицата на терен (first reponders) – вработени во сервисот Итно Копче на Црвен Крст на Република Северна Македонија – ни е потребна за да одредиме кое лице се наоѓа најблиску до клиентот. Потоа, лицето кое е најблиску добива нотификација и податоци за клиентот кој треба да го посети како и генерални информации за самиот клиент (старост, здравствена состојба, адреса итн.). Локацијата се користи и се повикува само во случај да има активен аларм кој е инициран од клиент или од диспечерите во Мониторинг центарот. Локацијата не се продава или споделува со трети страни или надворешни лица. Достап до информацијата за локацијата на уредот имаат само вработените во Мониторинг центарот и Црвен Крст на Република Северна Македонија. Вработените лица кои работат на терен потпишуваат согласност дека ќе се користи нивната локација за потребите на сервисот Итно Копче.
Идентификациски информации што не се лични
Ние може да собираме и идентификациски информации за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат апликацијата. Идентификациските информации што не се лични може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на апликацијата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата и слични информации.
Колачиња на пребарувачот на интернет
Нашата апликација може да користи колачиња за да се подобри корисничкото искуство. Пребарувачот на интернет на корисникот ги чува колачињата на неговиот компјутер заради цели на чување записи за посетите на апликацијата. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога ќе се пратат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од апликацијата може да не функционираат како што е предвидено.
Како ги користиме собраните информации?
Црвениот крст на Република Македонија ги собира и користи информациите од корисниците за да ја фасцилитира помошта, обуката, активностите и теренската активност со главна цел да им помогне на оние на кои им е помошта им е најпотребна.
Личните информации, не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, како и другата важечка регулатива.
Веб-страници и линкови на трети лица
Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата апликација, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, донатори, и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од нашата апликација.
Политика за приватност на личните податоци само за веб-апликацијата
Оваа политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите што се собираат преку нашата веб-апликација и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Црвениот крст на Република Македонија има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на главната апликација на веб-апликацијата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа апликација.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа апликација, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на апликацијата. Доколку не се согласувате со политиката, ве молиме не користете ја нашата апликација.
Контактирајте нé
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на личните податоци на апликацијата, практиките или комуникацијата со апликацијата, ве молиме контактирајте нé на: mrc@redcross.org.mk
< врати се назад