IV-ти Форум за крводарителство
По повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија беше организиран IV-ти Форум за доброволно крводарителство, кој се одржа во периодот од 01-03 јули 2022 година во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга.
На Форумот беа присутни 16 претставници на Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ каде пред присутните се обрати генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити.
На Форумот се презентираше темата “Нови форми за мотивација за доброволно ккрводарителство во РСМ во процесот на Трансформација 28, каде исто така беше даден осврт на досегашната работа во процесот Трансформација 28, каде се разви и панел дискусија.