Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Изборот на занаети е реализиран

2016-07-19

Изборот на занаети е реализиран

Во изминатиот месец во рамки на проектот ‘’Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот,, кој се реализира на подрачјето на општините: Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода беа организирани работилници кои имаа за цел соодветно да ги насочат 40те корисници во изборот на занает.

Се оддржаа две работилници за испитување на очекувањата, вредностите и мотивите на корисниците, на кои присуствуваа 32 корисници. Работилниците ги водеше експерт кој спроведе прашалници според кои изработи анализа и даде свое мислење за секој кандидат засебно. По овие работилнци беа закажани средби за посета на занаетчии. Целта на овие посети беше кандидатите подетално да се запознаат со занаетите, но и со процесот на изучување. Откако беа спроведени работилниците и посетите кај занаетчиите, на состанокот кој беше одржан, корисниците одлучија кој занает ќе го изучуваат и беа потпишани изјави. На состаноците за избор на занаети присуствуваа 29 кандидати. Организирани беа дополнителни средби за останатите корисници, со цел да бидат опфатени во сите проектни активности.

Проектот се имплементира од страна на Црвен крст на Република Македонија , Црвен крст на град Скопје во партнерство со Занаетчиска комора на град Скопје, истиот е финансиран од Европската Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4) .

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025