Изложба на Црвен крст на Република Македонија
Црвениот крст на Рeпублика Македонија обезбедува интензивна поддршка за мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија кон западно-европските земји. Активностите на Националното друштво се спроведуваат од страна на 264 волонтери и вработени кои континуирано во текот на целиот ден обезбедуваат поддршка за најранливите мигранти и бегалци во прифатните центри близу граничните премини во Гевгелија (Р. Грција) и Табановце (Р. Србија).
Поддршката на Националното друштво за мигрантите и бегалците е во форма на обезбедување на храна, хигиенски пакети, прва помош, воспоставување на семејни врски и друго.
Изложените фотографии се сведоштво за настаните кои се случија во нашето секојдневие како и чекор во подигање на свеста кај населението за хуманитарните потреби во време на миграции предизвикани од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот.